Прескокни до содржината

Нови модели на супер цени

Двете најбарани патики за сала, една до друга: скок, грип, тежина и калап.

22 окт 2026 · 5 мин читање

Ако играш одбојка или ракомет, речиси сигурно си се двоумел помеѓу овие два модела. Двата се врвни, но имаат различен карактер.

Wave Lightning Z8Sky Elite FF 3
КарактерБрзина и реакцијаСкок и мекост
ПенаENERZY NXTFF BLAST PLUS
СтабилизацијаWave плочаTrusstic систем
КалапПотесен среден делНормален
Најдобро заТехничари, крила, либераНапаѓачи, бекови

Каде е разликата

Lightning е полесен и подиректен, ногата е поблиску до подот. Sky Elite има повеќе пена под петата и е создаден околу скокот. Ако најмногу скокаш, Sky Elite. Ако најмногу трчаш и сечеш, Lightning.

Нема погрешен избор помеѓу овие два, само избор кој повеќе одговара на твојата игра.