Ракометот е спорт на нагли промени на правец, скокови од девет метри и постојан контакт. Патиката мора да го издржи сето тоа, натпревар по натпревар. Еве на што да внимаваш пред да ја избереш.
1. Ѓонот е најважен
Барај гумен ѓон без траги, со шара што покрива цела површина. Тој е твојата врска со паркетот. Ако се лизгаш при финта, губиш половина секунда и честопати топка.
2. Стабилност во петата и средниот дел
Цврста пета и систем за стабилизација во средниот дел (Wave плоча кај Mizuno, Trusstic кај ASICS) ја држат ногата над ѓонот. Тоа е разликата помеѓу добра финта и превртен глужд.
3. Избери според позицијата
- Крило: лесна и ниска патика, близу до подот, за брзи пробиви.
- Бек: повеќе мекост во петата за доскок после скок-шут.
- Пивот: широка основа и цврста пета за контакт.
- Голман: зајакнати страни и грип за сплит.
Најдобрата патика е онаа што ја заборавиш на нога додека играш.
4. Бројот
Кај патиките за сала прстите треба да имаат околу половина сантиметар простор. Измери го стапалото навечер, после тренинг, кога е најголемо. Ако се двоумиш, пиши ни должина на стапалото.